
Украински диверзантско-извиднички групи зачестено навлегуваат на белоруска територија, предупреди во неделата државниот секретар на Советот за безбедност на Белорусија, Александр Волфович.
„Во тек е инженерско опремување на локациите долж украинско-белоруската граница, минирање, подигнување бариери, дејствија на диверзантско-разузнавачки групи, вклучително и навлегување на белоруска територија“, изјави Волфович за телевизискиот канал Беларусь-1.
Според него, во моментов групацијата на украинските војски во близина на границата со Белорусија изнасива од правецот на Ровен 10.500 лица, во Чернигов 4.500 и крај Киев – 5.500 војници.
Волфович, исто така, посочува дека групацијата на војските на НАТО распоредени во соседните земји Полска, Литванија и Летонија се зголемила последните две години и сега изнесува 37.500 војници.
„Воздухопловните групи се повеќратно зголемини и изнесуваат повеќе од 135 борбени авиони на територијата на соседните земји. Зачестија и разузнавачките летови, секојдневмо се изведуваат шест до седум такви летови по должина на нашта граница“, вели Волфович.
Белорусија го отфрла обвинувањата од Киев дека нејзини сили се вклуечни во руско-украинската војна и оти од незјина територија се користи за напади во Украина од руските војски. Минск, поради тесните врски и меѓудржавниот договор со Москва, е под жестоките санкции на Западот, и од средината на минатата година предупредува на зајакнување на силите на НАТО на белоруските граници. Во минатото Белорусија, исто така, повеќепати предупредуваше на провокации со преминување на нејзина територија на украински војници.
Во петокот белорускиот премиер Роман Головченко изјави за телевизијата Al Arabiya дека Минск не е страна во војната во Украина, и оти нема намера на кој и да е начин да биде вклучен во неа. Но предупреди дека Западот врши огромен притусок врз неговата земја, особено преку силна пропаганда и лажни информации.