ВИДЕО| Русија планира да произведе 50 нови интерконтинентални ракети

Русија планира до крајот на есента да произведе и распореди околу 50 нови интерконтинентални балистички ракети од типот „Сармат“ способни за изведување масивни нуклеарни напади, изјави директорот на руската вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Рогози и го посвотува „агресорите поучтиво да разговараат“ со Русија.

Ракетите ќе бидат изработувани во сибирскиот град Краснојарск, изјави Рогозин за новинската агенција Интерфакс. Истакна и дека првите ракети „Сармат“ ќе бидат распоредени токму во Краснојарск.

Првото пробно тестирање на ракетата „Сармат“ (Сатана 2, според класификацијата на НАТО), од новата генерација беше изведено на 20-ти април од космодромот Плесецк во Архенгелската област на северот на Русија.

„Сармат“ е огромна ракета и тежи дури 208 тони, а долга е околу 35 метри. И покрај тоа, развива брзина од над 25.000 километри на час и има опсег на дејствување од околу 18.000 километри. Може да понесе од 10 до 15 боеви глави и мамци, вкличително и ткн хиперсонични едрилици, секоја со капацитет до 750 килотони и може да погоди повеќе локации од една оддалечени со илјадници километри, на пример во САД или во цела Европа.

„Останува само да ги советуваме аргесорите да разговараат поучтиво со Русија“, напиша Рогозин на својот Telegram канал.

Истовремено објави видео со кратерот по априлското тестирање на „Сармат“.

„Со нуклеарно полнење, таквиот кратер на местото на објектот (географската локација) на неријателелот ќе биде… па, многу голема и многу длабока и реадиоактивна. И не само една, туку точно толку колку што најмоќната нуклеарната ракета во светот ќе му испорача на лутиот непријател. А наскоро ќе имаме педесеттина такви Сармати на борбена должност“, напиша Рогозин.

Руското министерство за одбрана на крајот од април објави дека целосно биле исполнети задачите на пробното лансирање на проетилот, како и дека дијзнерските карактеристики биле потврдиени во сите фази од летот. Боевите глави за обука погодиле цел на полигонот Кура на Камчатка. Во моментов Ужирската ракетна формација во Краснојарскиот крај работи на подготовка на главниот ракетен полк за доопремување со новиот ракетен систем.