Голем ден за нашата света Македонска Православна Црква – Охридската Архиепископија, Мицкоски по признавањето на автокефалноста од страна на СПЦ

-Голем ден за нашата света Македонска Православна Црква – Охридската Архиепископија, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на СПЦ.

Нашата црква мора да е обединета, нашиот Синод, свештеството, исто како што мора да биде обединет и нашиот народ, и тогаш сите искушенија, бури и премрежја ќе бидат премостливи.

Да продолжиме да чекориме обединето.

Честитки за мудроста, обединетоста и достојноста на Синодот и неговото блаженство г.г. Стефан, за градењето на мостови, за бранењето на нашиот идентитет и вредности во кои веруваме, за премостените децениски и вековни јазови.

После одлуката на Вселенската патријаршија, како и оваа денес, сведоци сме на историја важна за нашиот народ и нашата Македонија!

Нека е за многу години!, пишува во својата објава лидерот на ВМРО–ДПМНЕ Мицкоски.