Македонија со власта на СДСМ и ДУИ живее како во мафијашки филмови. Власта на СДСМ и ДУИ и МВР на Оливер Спасовски се обидуваат да прикријат дека висок функционер во МВР кој заштитувал лице што учествувал во вооружен напад врз полиција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Спасовски и МВР молчат за каубојската престрелка која се случила во Чаир, во која лице осудено на затворска казна пука врз полицијата, а потоа е ослободен по интервенција на Ариф Асани функционер на ДУИ и втор човек во БЈБ. И овој случај никој немаше да дознае, ако не излезеше снимка на социјалните мрежи по која Оливер Спасовски и МВР треба да одговорат дали лицето во сина кошула од јавно објавената снимка е Ариф Асани, заменикот директор на БЈБ?, прашуваат од партијата и додаваат:
„Дали заменик директорот на Бирото за јавна безбедност е снимен од камерите како трча кон полициските службеници, а тие по разговор со него го пуштаат да замине лицето кое ја нападнало полицијата?
Власта на СДСМ и ДУИ наместо да ја штити безбедноста на граѓаните и службените лица, се грижи за безбедноста на криминалците и мафијашите. Затоа криминалот царува, а мафијашите се чувствуваат сигурно.
Ова мора да престане. Што уште треба да се случи Оливер Спасовски да понесе одговорност“.