![Screenshot_1-6](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/Screenshot_1-6.jpg?resize=568%2C422&ssl=1)
Универзитетскиот провесор по одбрана и безбедност, Александар Нацев учествува на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2022“ во Братислава.
-Деновиве присуствувам на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2022“ во Братислава, настан кој обединува голем број на водечки политички фигури, како и меѓународни безбедносни експерти и практичари.
Во фокусот на годинешниот настан се случувањата во Украина, како и потребата за зајакнување на европскиот одбранбен систем, пишува во својата објава на социјалната мрежа на Фејсбук Нацев.