![бол](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/bol.jpeg?resize=696%2C522&ssl=1)
Идилични плажи, кристално сино море и атмосфера достојна за егзотични пејсажи од разгледници може да се најдат во соседството, особено ако ги фатите датумите кога не е премногу гужва. TU Magazine состави листа на најубави плажи во регионот, кои често се наоѓаат во изборот на најатрактивните летни дестинации во Европа.
Златен ‘рт
Златен ‘рт е можеби најпознатата плажа на Јадранот, сместена во Бол, на јужниот брег на островот Брач. Поради својата необична убавина, плажата е една од најпознатите симболи на туризмот во Хрватска. Имаа впечатлив облик кој се менува со плимата и осеката, а е идеална дестинација за љубителите за сите спортови на вода.
Опрна
Плажата Опрна се наоѓа во мал залив во близина на Стара Башка. Иако е доста недостапна, неговата убавина е доволна причина туристите да се потрудат да ја посетат. Опрна се смета за најубава плажа на островот Крк, покриена е со чакал и песок, а најлесно се стигнува со брод. Треба да се напомене дека од вкупно 37 сини знамиња во областа Кварнер, 15 се наоѓаат на Крк. Синото знаме е меѓународна еколошка програма за заштита на животната средина на морето и крајбрежјето, а денес е високо ценет туристички симбол во светот, што е главната референтна точка за се повеќе туристи при изборот на дестинација.
Јаз
Јаз е плажа која се наоѓа на околу 2,5 километри западно од Будва. Плажата има два дела, едниот е долг 850 метри, а другиот 450 метри. Јаз е плажа со камчиња и е една од најпознатите и најживите плажи во Црна Гора. Покрај плажата има долго шеталиште со ресторани и кафулиња.
Свети Стефан
Плажата Свети Стефан се наоѓа веднаш до познатиот остров-хотел и се состои од 2 плажи разделени со мост кој води до островот. Левата плажа е градската плажа, а десно хотелската плажа Свети Стефан. До плажата има шеталиште со палми, олеандри и стари маслинови градини.
Копакабана
„Јадранска Копакабана“ се наоѓа во Улцињ. Плажата е долга 13 километри и е покриена со ситен песок. Од градот е оддалечена околу 5 километри, а според проценките може да прими околу 150.000 капачи. Посебна причина поради која често се избира е песокот кој е богат со минерали, па има одредени лековити својства.
Ксамил
На југот на Албанија се наоѓа градот Ксамил, кој е дел од Националниот парк Бутринт. Ксамил е едно од најпосетуваните приморски одморалишта во Албанија, а го посетуваат туристи од цела Европа. Плажите се песочни, морето кристално чисто, а природата недопрена. Плажата Ксамил и јонскиот брег на Албанија се вклучени во 20-те најдобри дестинации за одмор на Гардијан.