Стоилковски: Ни се случува егзодус на работна сила, 215.000 помалку работници поради лагите на СДСМ и ДУИ

„Со денови молчи власта, молчи и државната статистика, како е можен таков егзодус на работна сила со кој Македонија во два квартала, за неполна половина година, да загуби 215.000 работоспособни луѓе?
Со цел да ја прикажеме вистинската слика што значат 215 илјади загубени, тоа е како да тргнете по автопатот од влез во Македонија, на граничен премин Табановце, и се до излез од Македонија, по автопатот на граничниот премин Богородица. И безмалку низ сите општини што минувате да нема ниту еден жител, ниту еден човек. Празни општини, празни градови! Тоа го покажува Државниот завод за статистика. Според оваа математика, празно е Куманово, Велес, Градско, Неготино, Демир Капија, празна Гевгелија“, изјави портпарлот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на прес конференција.
То додаде дека 215.000 помалку луѓе, работоспособна сила, е погром за македонската економија.

„Тоа не може да е статистичка грешка, или калибрирање како што наведуваат. Ова се податоците од Државната статистика. 104 илјади од овие 215.000 биле вработени, така се водени до крајот на 2021, а сега ги нема! Ова почитувани, е резултат на девастирачките политики на СДСМ/ДУИ за економијата, политики со притисок врз приватниот сектор, политики со полнење на јавната администрација, политики за затворање наместо отворање работни места. Политики на лага кон земјоделците, политика на лага кон стопанствениците, лага кон работниците дека ќе им биде вреднуван нивниот труд!“, рече тој и повика на 18-ти јуни сите да се приклучат на протестот за промени пред Владата.