Полскиот претседател Анджеј Дуда повторно ги критикуваше францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц поради тоа што го продолжуваат дијалогот со рускиот претседател Владимир Путин и покрај руската воена интервенција во Украина.
„Запрепастен сум со сите тие разговори со Путин, кои ги водата канцеларот Шолц и претседател Макрон. Со тие разговори не се постигнува ништо“, изјави Дуда за германскиот весник Bild во интервју објавено во средата на YouTunbe.
Дуда, чијашто земја сака да се наметне како најголем антируски поддржувач на Украина а некои ја обвинуваат Варшава и дека има одредени територијални претензии на западот од соседната земја, рече дека „разговарањето со Путин претставува вид легитимизација на личноста одговорна за злосторствата кои руската војска ги сторила во Украина“.
„Самиот Путин е одговорен за испраќање на својата војска во Украина“, рече Дуда додавајќи дека го „поддржуваат неговите воени команданти“.
Полскиот челник рече дека ситуацијата според него била споредлива со (германскиот нацистички водач) Алдолф Хитлер во Втората светска војна.
„А дали некој разговараше со Адолф Хитлер во текот на Втората светска војна? Дали некој рече дека мора да го сочува образот? Дека работите мора да се прават на начин да не се понижи Адолф Хитлер?“. запраша Дуда алудирајќи на неодамнешната изјава на Макрон за тоа како тој смета дека на Путин може да му понуди запирање на војната.