На 11.06.2022 во 16.15 часот на подрачјето на Чаир од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода П.К.(33) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.