Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вторникот одржа состанок со челниците на партиите дел од Коалицијата за Обнова на Македонија, коишто, како што беше истакнато – премногуте катастрофи во македонското општество, искажаа целосна поддршка за протестот закажан за 18-ти јуни.
На состанокот претседателите на сите партии беа едногласни дека „со секој изминат ден со СДСМ и ДУИ на чело на Владата народот живее сѐ полошо, криминалот е секојдневие, а сиромаштијата сѐ повеќе се заканува“.
„Премногу е од оваа власта“, е генералниот заклучок од средбата, констатација која што велат не е само нивен став, туку и на стотици илјади граѓани низ државата.
Претседателите на политичките партии дел од Коалицијата за Обнова на Македонија дадоа поддршка за протестот во сабота на 18-ти јуни, и сите политички партии учествуваат во негова подготовка и се поголема масовност на истиот.
Пораката која власта одамна одбива да ја прими е дека е премногу, и дека мора да се распишат предвремени парламентарни избори, за на чело на државата да застане политичка коалиција која ќе ја извади Македонија од кризите во кои СДСМ и ДУИ не втурнале.