Американскиот произведувач на течен природен гас „Freeport LNG“ извести дека неговиот погон во сојузната држава Тексас, оштетен во експлозија, ќе продолжи со работа дури во септмеври, најавувајќи нови проблеми за Европа која бара замена за рускиот гас од кој е многу зависна но сака да го исклучи.
Споменатиот погон сочинува петтина од американскиот извоз на течен природен гас (LNG) и е главен добавувач на европски коминтенти во потрагата по алтернативни за руските извори на набавка.
Напукнувањето на гасоводот под преголем притисок предизвика на 8-ми јуни експлозија и пожар, па работата во погонот во Квинтана е запрена, објави компанијата во вторникот, додавајќи дека постројките за преработка не се оштетени. Погонот ќе продолжи со работа во септември, но со ограничен обем, истакнуваат од „Freeport LNG“ додавајќи дека враќањето на целосниот капацитет се очекува до крајот на годината,
Во овој погон се течни се преправаат околу шест милиони кубни метри природен гас дневно, а изминатите месеци работел речиси со целосен капацитет, според консултантската куќа „Rystad Energy“.
Во Европа од мај биле испорачувани околу 3,3 милиони кубни метри, во споредба со 2,3 милиони во март, се додава во процените на „Rystad Energy“,
Цените на природниот гас паднаа во САД а во Европа од средината на минатата 2021 година поставуваа историски рекорди, поради информациите наводно за продолжено епидемиолошко „затворање“, но во прв ред поради продажбата на гасот на поскапите пазари во Азија со што европските подземни складишта останаа празни непосредно пред грејната сезона и повторното почнување со работа на стопанствата.
Од „Freeport LNG“ соопштија дека продолжената поправка ќе значи 40 загубени испораки, тројно повеќе отколку што проценија пред една седмица. Аналитичарите сметаат дека пазарот коешто произведува 100 милиони тони течен гас поради проблемите во погонот на „Freeport LNG“ ќе загуби четири до пет милиони тони течен гас.
По објавата на американската компанија цените на гасот пораснаа во Европа за дури 21 отсто. Дополнително се стабилизираа на нивото од 90,43 евра по мегават час, односно порасна за 11,6 отсто.
„Кога се работи за регионите, очекуваме дека инцидентот најтешко ќе ја погоди Европа“, порачаа од „Rystad Energy“.
Затворањето на производството во погонот на „Freeport LNG“ ќе значи губење на уште 2,9 милиони тони од пазарот до септември, оценува Алекс Фролу, аналитичар за течен гас во ICIS.
Околу 70 отсто од извозот на „Freeport LNG“ изминатите месеци биле насочени во Европската унија и Велика Британија, а Франција, Турција и Холандија се во редот на најголемите увозници годинава,