1.8 C
Skopje
недела, декември 22, 2024

Во Македонија никогаш не се живеело полошо, СДСМ и ДУИ мора да си заминат

Со СДСМ животот е најтежок, народот нема пари ниту за леб, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

За една година лебот, брашното, зејтинот и другите прехранбени продукти имаат раст на цените и за 100%.

Тоа што лани можело да се купи со 500 денари, сега не може да се купи ниту со 1.000 денари.

Правда нема. Нема правда за загинатите во Тетовската болница, за загинатите во случајот со Беса Транс. Нема правда за Тот, за младото момче од струмичко кое беше убиено пред неколку дена.

Системот не функционира.

Со СДСМ и ДУИ земјоделците се потешко преживуваат. Не можат да го продадат својот род, а нема со што ниту да ги прехранат семејствата.

Луѓе во ек на пандемија се соочуваат со колабирано здравство.

Во Македонија никогаш не се живеело полошо. СДСМ и ДУИ мора да си заминат. Избори час поскоро, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.