Заменикот на британскиот премиер Доминик Рааб во средата изјави дека владата не смее да им дозволи на „милитантните синдикати“ да победат по почетокот на штрајкот на железничарите во вторникот, предупредувајќи дека исполнувањето на нивните барања може да доведе до спирала на инфлацијата.
Повеќе од 40.000 вработени во британските железници ги напуштија своите работни места во вторникот, првиот ден од најголемиот железничарски штрајк во Велика Британија во последните три децении, создавајќи сообраќаен хаос,
„Стравувам дека не можеме да им дозволиме на синдикатите, на овој многу милитантен начин кој го избраа, да победат во овој спор, бидејќи тоа ќе им наштети на најсиромашните во нашето општество“, изјави Рааб за Sky News.
„Поради штрајкот најмногу патат оние со најниски примања, а така ќе биде и доколку влеземе во таа спирала на инфлацијата според кон којашто водат барањата на синдикатите“, додаде британскиот вицепремиер.
Растот на цените на храната во Обединетото Кралство во мај доведе до најголемата инфлација во последните 40 години од 9,1 отсто, и тоа е највисоката меѓу земјите членки во Г7.