Украинскиот министер за одбрана Oлексеј Резников денеска соопшти дека во таа земја пристигнале американски артилериски ракетни системи HIMARS.
Американскиот претседател Џо Бајден на почетокот од јуни изјави дека Вашингтон на Киев ќе му испорача артилериските ракетни системи со висока подвижност M142 односно HIMARS, исто така со дострел до 80 километри, откако од челниците на Украина добил гаранции дека нема да бидат употребени за гаѓање цели на руската територија, што би значело невиден ескалација на конфликтот.
„Благодарност до мојот американски колега и пријател, секретарот за одбрана Лојд Остин, за овие моќни системи. Летото ќе биде жешко за руските окупатори. И последно за некои од нив“, објави на Twitter Резников.
Според британски медиуми, украинскиот министер за одбрана не навел како артилериските ракетни системи пристигнале во земјата.