Миовски кариерата ја продолжива во шкотски Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски кариерата ќе ја продолжи во Шкотска, откако во четвртокот и официјално се пресели во редовите на Абердин.

Дваесет идвегодишниот напаѓач со шкотскиот Премиер лигаш потпиша четири години, а до оваа сезона беше дел од унгарскиот МТК за кој во претходниот шампионат постигна девет погодоци на 22 натпревара.

Миовски е вкупно четвртиот Македонец кој ќе биде дел од Шкотското првенство откако претходно, Бајрам Фетаи беше дел од Глазгов Ренџерс и Инвернес, Ѓорѓи Христов го носеше дресот на Данфермлајн, а Горан Станиќ настапуваше за Ливингстон.