Дивеењето на Арбр Адеми во македонскиот парламент стана вест во балканските медиуми

Насилничко однесување на Арбен Адеми, преседателот на Комисијата за европски прашања, кој во понеделникот загуби контрола во текот на седницата и физички почна да ги напаѓа пратениците, викајќи и навредувајќи ги присутните, не остана незабележан во медиумите од регионот.

Така хрватскиот портал Index.hr пишува …Во парламентот на Северна Македонија дојде до физичка пресметка. Арбр Адеми, пратеник на владејачката коалиција СДСМ-ДУИ, физички ги нападна опозициските пратеници и ги гаѓаше со шолји за кафе и шишиња за вода“.

На инцидентот во македонскиот парламент се осврна и порталот на регионалната телевизија N1, под наслов „Со шолја за кафе ги гаѓаше пратениците…“, во кој се опишува настанот, како и причините за тоа.