ЕУ поблиску до компромисно решение во спорот со Русија за Калининград

Транспортот на основи продукти и стоки преку територијата на Литванија до руската балтичка енклава Калининград би можел нормално да продолжи за неколку дена, потврдиле за Reuters два европски извора по претходните навестувања во таа насока од Вилнус, додека европските функционери работат на компромис со балтичката држава за да ги намалат тензиите со Русиј.

Калининградската област, која граничи со државите на Европската унија и по копнен и железнички сообраќај поевтино се снабдува со повеќето стоки преку Литванија, отсечена е од матичната Русија од 17-ти јуни, поради тврдењето на Вилнус дека ги почитува антируските санкции на Брисел, додека Москва вели дека таквите ограничувања не се законски бидејќи се однесуваат всушност на внатрешен транспорт.

Европските функционери моментално преговараат за тоа оваа руска територија да биде изземена од санкциите и постои можност договорот да биде постигнат уште на почетокот на јули, доколку Литанија се согласи, рекле европски извори запознаени со темата кои сакале да останат анонимни, бидејќи станува збор за затворени разговори.

Иако западните сили се обврзаа да се заземаа уште посилно против Русија под изговорот за нејзината воена интервенција во Украина, повторувајќи го тоа и на самитите на Г7 и на НАТО оваа седмица, се покажа дека за Европската унија е многу тешко да ги применува строгите санкции без преседан и да ја избегне натамошната ескалација на тензиите со Русија.

Доколку традиционалната рута за транспорт на руските производи за Калининград низ Литванија не се обнови, во Вилнус стравуваат дека Москва би можела да искористи воена сила за да направи транспортен коридор на нејзината територија, рекол еден од изворите. Литванија, како и другите балтички решенија, има нерешени територијални прашања со Русија по распадот на СССР и им ги ускратува правата на руските малцинства, за што е понекогаш опоменувана и до ЕУ и до ОН.

Германија, којашто поддржува компромисно решение, има распоредено свои воени единици во Литванија, кои би можеле да се најдат во евентуален судир заедно со сојузниците од НАТО, доколку се случи руска воена интервенција. Германската економија, која е најголемата во Европа, исто така, во голема мера зависи од увозот на рускиот гас и би било многу ранливо за неа секакво намалување на испораките доколку ескалира спорот околу Калининград.

„Мораме да се соочиме со реалност, (Русија) има поголема предност од нас. Во наш интерес е да се изнајде компромис“, рекол еден од двата извора, додавајќи дека Калининград е „светост“ за Москва и дека исходот од договорот веројатно ќе се чини нечесен.

Портпаролот на литванското министерство за надворешни работи, од кое извори уште изминатиот викенд најавија дека се водат консултации со Брисел на темата Калининград, во средата изјавија дека продолжуваат разговорите со Европската комисија во врска со примената на антируските санкции.

„Санкциите мора да се применуваат и сите донесени одлуки не би требало да го поткопаат кредибилитетот и ефикасноста на политиката на санкции на Европската унија“, изјавил портпаролот на литванската дипломатија.

Едно од решенијата би било транспортот меѓу Русија и Калининград да не се смета за меѓународна трговија, бидејќи станува збор за руска територија и врз основа на тоа да се изземе од санкциите, но тогаш стоката не би смеела да се извезува, туку да се користи исклучиво во енклавата, што всушност е случај по воведувањето на санкциите.

Меѓутоа, Литванија чувствувајќи се заштитена со членството во НАТО, продолжува да ја предизвикува Русија и не е наклонета на решението кое го нуди ЕУ оценувајќи дека „би можело да изгледа како давање отстапки“ на Москва.

Според моменталните санкции преку територијата на Европската унија, значи кон Калининград, забранет е транспортот на железо, челик и метали, а на тоа од 10-ти јули ќе бидат додадени и цемент и алкохол, а јаглен во август и нафтени производи во декември. Според тоа во конечната фаза околу половина од товарите наменети за Калининград ќе бидат под санкции. Целта е да се ослаби оваа руска територија која има стратешко значење, особено во случај на конфликт во Европа, зашто таму распоредените ракети брзо може да стасаат до која и да е точка на континентот.

Дмитриј Медведев, поранешен руски претседател и премиер а сега заменик на претседателот на Советот за национална безбедност, претходно седмицава изјави дека ограничувањата за транспортот на стоки за Калининград е „дел од војната на Западот“ преку посредници и дека Русија има „многу начини на кои може да се одмазди“.

„Постојат многу можности, значителен дел од нив се со економски карактер и способни се да им го одземат кислородот на нашите балтички соседи коишто преземаа непријателски мерки“, изјави Медведев за руските медиуми.