Елмас побарал гаранција од Наполи дека повеќе ќе игра, во спротивно ќе сака да замине

Според италијанските медиуми, Ељиф Елмас би можел да замине од Наполи ова лето доколку клубот не му даде гаранција дека ќе има поголема минутажа од лани.

Елмас минатата сезона настапи на 46 натпревари за Наполи, што е импресивна бројка, но на најголемиот дел од нив влегуваше како замена во последниот половина час од мечот, а постигна седум гола.

Македонскиот репрезентативец сака да има позначајна улога во тимот, а не само да биде резерва која често влегува во игра.

Според италијанските медиуми, Елмас побарал гаранција од Наполи дека во новата сезона ќе има поголема минутажа на теренот. Во спротивно ќе побара да биде продаден или позајмен во клуб каде ќе може да настапува повеќе.