Норвешка вети милијарда евра за поддршка на Украина

Норвешка во петокот ѝ вети на Украина финансиска поддршка во износ од милијарди евра за да ја зајакне нејзината одбрана, за да помогне во намирување на потребите и обновата по војната.

Норвешкиот премиер Јонас Гар Стере изјави во Киев дека Норвешка сака да ја изрази својата солидарноста со украинската „борба за преживување“.

„Тука сум за да порачам дека украинската борба не е само за Украина. Тука станува збор за некои основни принципи на светот кој ќе им го понудиме на нашите деца. Станува збор за безбедноста на Европа, за судбината на вашиот сосед“, изјави Стере на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Владимир Зеленски.

„Ќе донираме милијарда евра во знак на поддршка на вашата земја и на вашиот народ за остатокот од 2022 година и за 2023 година. Оваа војна е кршење на меѓународното право… Имате право да се браните и ние имаме право да и помогнеме да се одбраните“, додаде Стере.

На прашањето дали Норвешка е подготвена да го зголеми својот придонес во снабдувањето со гас на Европската унија, Стере изјави дека неговата земја веќе произведува „максимално“ можно количество гас, но и дека ќе стори сѐ во нејзината моќ за да го испорачува.

Зеленски рече дека е потребно да се продолжи да се врши притисок врз Русија за да заврши војната.
.