Саџит Прамадаса, опозициски челник на Шри Ланкга, во вторникот објави дека се повлекува од претседателската трка и порача дека ќе го поддржи ривалскиот противкандидат во борбата со привремениот претседател Ранил Викремесинга.
Минатиот петок претседателот на парламентот на Шри Ланка ја прифати оставката на претседателот Готајаба Раџапакса, откако тој пребега во Сингапур пред народниот бунт предизвикан од најлошата економска криза во последните 70 години, и најави дека должноста шеф на државата привремено ќе ја преземе премиерот Ранил Викремесинга.
Повлекувањето на кандидатурата на Прамадаса доаѓа откако студентите и други групации најавија дека подготвуваат масовни протести против кандидатурата на Викрамисинга за претседател. Истовремено, пратениците на парламентот во вторникот дојдоа да го заокружат списокот кандидати пред гласањето за избор на новиот шеф на државата во среда.
Демонстрантите го сметаат Викремесинга за сојузник на побегнатиот претседател Готабаја Раџапакса.
„За благосостојбата и љубов кон својата земја и народот, ја повлекувам својата кандидатура за претседател“, напиша Премадас на Twitter.
Додава дека неговата главна опозициска партија Самага Џана Балавегаја (SJB), заедно со „нашиот сојуз и опозициските партии напорно ќе работи за Дулас Алахаперума излезе како победник“.
Поранешниот новинар и министер во неколку ресори Алахаперума, пратеник на владејачката партија Национален фронт на Шри Ланка (SLPP) кој дејствуваше со години во сенка на моќното семејство Раџапакса, е поприфатлив за демонстрантите отколку Викремесинга.
Друг кандидат за претседател е Анура Кимара Дисанајака, челник на левичарската марксистичко-ленинистичка партија Џаната Вимукти Перамуна (JWP).
Следниот претседател ќе го заврши предвремено мандатот на Раџапакса кој требаше да заврши на 2024 година.
Тешко погодената од пандемијата на коронавирусот и намалените приходи од даноците, Шри Ланка влезе во својата најголема економска криза откако стекна независност од Велика Британија во 1948 година. Инфлацијата повисока од 50 отсто и недостигот од храна, горива и лекови изведоа илјадници луѓе на улиците, а со месеци траеја протестите кои минатата седмица кулминираа со масовен упад во претседателската резиденција и бегството на Раџапакса во странство.