Бред Пит одговори зашто носеше здолниште на црвениот тепих

Актерот во Берлин за премиерата на својот филм се претстави облечен во необично здолниште. Причината е интересна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicolas Rahhal (@hautecoutureglobal)

Филмските ѕвезди во поглед на изгледот често не навикнаа да ја доживуваме ексцентричната мода на поприфатлив начин. Слично направи и Бред Пит кој покажа навистина необичен изглед за премиерата на филмот Bullet Train во Берлин.

Актерот се појави на црвениот тепих облечен во ленено здолниште. Прилично чуден избор за тој кој отсекогаш претставувал одраз на елегантниот стил. Изборот заинтригира толку многу присутни што еден новинар го праша актерот – зошто одбрал да носи здолниште?

И Бред искрено одговори на поставеното прашање, наведувајќи ја за главна причина жештината и високите температури кои преовладуваат во Европа во последнава недела, вклучително и Берлин.

„Ветренце, провев! – одговори Бред.

Всушност, тој ден во Германија беа измерени највисоки температури кои во некои области достигнуваа 40 степени и не се спуштаа  под 30 ° дури и ноќе, што е многу невообичаено за оваа земја.