Контроверзниот Габриел Бајрам, син на починатиот пратеник Амди Бајрам, со полициска придружба бил донесен во станица на распит за кражбата на струја во ГТЦ и копањето на биткоини. Бајрам неколку пати бил повикуван во полициска станица, му биле испраќани покани, но не се појавувал пред службените лица. По ова по него бил распишан централен распис и на 30 јуни, годинава бил приведен и спроведен во полициска станица на службен разговор.
„Ве известуваме дека по насоки и во координација со Основното јавно обвинителство Скопје преземени се повеќе мерки и активности за расчистување на случајот. По неколку неодговарања на покани и непојавување на службен разговор во полициска станица, а по распишан централен распис, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Б.(40) од Скопје и со него бил извршен разговор во полициска станица”, објави МКД.мк изјава од МВР, од каде известуваат дека по комплетирање на целокупниот материјал ќе биде доставено известување до Основното јавно обвинителство Скопје за преземените мерки.
Но, видеата и фотографиите и видеата покажуваат дека полицијата вооошто не го бара или се правела дека го бара.
Тој на 19 јуни се појавил на сребата со колициските партнери во врска со францускиот предлог, а на социјалните мрежи се појави и видео од прославата во Клубот на пратениците минатата недела.
По објавената информација дека полицијата неколку месеци не може да го најде Габриел Бајрам во врска со кражба на струја во ГТЦ, па дури и распишала потерница, со коментар се јави скопјанецот Илија Вучков, кој објави слика од Бајрам за време на прославата во Клубот на пратеници.