
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа од 2.100 тестови регистрирани се нови 957 случаи на КОВИД-19. Две лица починаа.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од: Штип (71г) и Струга (91г), двете лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.110.711 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 324.382, бројот на оздравени пациенти е 310.377, на починати е 9.361, а бројот на активни случаи изнесува 4.644.