Министерството за труд и социјална политика (МТС) ги повикува Општините, Градот Скопје и Општините во градот Скопје да аплицираат на јавниот повик за обезбедување на средства за давање на социјални услуги, со цел да продолжи давањето на овие услуги воспоставени на локално ниво. Услугите се реализираат во соработка со лиценциран давател, со финансиска поддршка од Министерството, а се однесува за ранливи групи на граѓани, за кои е утврдена потребата од одреден вид на услуга.
Со јавниот повик се обезбедуваат средства за општините со цел давање на социјалните услуги:
-Услуги во домот (лична асистенција и помош и нега во домот),
-Услуги во заедницата (дневен престој и индивидуален третман на лица со попреченост).
МТСП ќе обезбеди средства за давање на социјални услуги од страна на општините во соработка со лиценциран давател на услугата, по цената на услугата утврдена со „Одлуката за утврдување на цените на социјалните услуги во домот, за вон семејна заштита, за стручна помош и поддршка, за дневен престој, за привремен престој, советување и за одмена на ceмejнa грижа за 2022 година“, соопштија од ова министерство.
Јавниот повик трае од денот на објавување (29.07.2022год.) до крајот на годината (31.12.2022год).