Димитриевски: ДУИ владее повеќе од 20 години и прави што сака, а не одговара за ништо иако имаше индикации за криминали

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска во летното издание „Клик 21“ на ТВ21 посочи дека албанската партија ДУИ владеела повеќе од 20 години во Македонија и истата не одговарала за ништо, а имало индикации за криминали и афери.

„ДУИ е тој кој што владее со државата повеќе од 20 години и гледате дека не одговара за ништо, презема постапки стрикно како на нив, од политички аспект им одговара. Приоритетот на политиката е секогаш пред државниот приоритет и нормално е се штитат взаемно. Немате ниту еден политички функционер од оваа партија кој што одговара а имавте безброј афери, корупции, криминали…“, вели Димитриевски.