Секое летно доаѓање на кралицата Елизабета во Шкотска во замокот Балморал отсекогаш било обележано на посебен начин, но оваа година традиционалниот голем собир во чест на британската кралица е откажан. Затоа се шпекулира дека здравствената состојба на кралицата Елизабета не е добра.
Кралскиот извор за Мирор изјави: „Традиционалното добредојде во Балморал обично е во календарот на кралицата и е нешто во кое нејзиното височество навистина ужива додека ги поздравува локалните жители кои доаѓаат да ја видат“, изјави за Mirror извор близок до кралското семејство за важноста на овој настан во животот на кралицата.
– Сепак, годинава ќе биде поинаку, па затоа за прв пат (освен за време на пандемијата) нема да има голем традиционален собир, додава изворот.
Иако од палатата нема индиции дека 96-годишната кралица не е добро, уште едно откажување на традиционалниот собир во Балморал покрена нови сомнежи. Кралицата пристигна во Шкотска на крајот на јули и веднаш го откажа првиот настан на кој требаше да се појави.
Известено е дека нема да има голем собир во нејзина чест, а како образложение се наведува загриженоста за здравствената состојба и коронавирусот кој повторно зема замав ширум светот. Наместо голем собир, во палатата се одржа дочек за неколку одбрани гости.
Познато е и дека кралицата нема да го напушти замокот за време на нејзиниот летен престој во Шкотска, што ги растажи локалните жители кои со нетрпение очекуваа конечно да ја видат, пишува Tportal.hr.
Како и секоја година откако е на функцијата, кралицата ќе остане во Балморал до почетокот на октомври. Сепак, се шпекулира дека годинава ќе направи исклучок и ќе се врати во септември за да го поздрави премиерот во заминување Борис Џонсон, како и да ги соопшти имињата на новите кандидати кои ќе се „борат“ за премиерската фотелја.
Да потсетиме, иако членовите на кралското семејство немаат вистински одмор и приватност, одењето во Балморал отсекогаш се сметало за нивна оаза на мирот неколку недели. Кралицата сакаше да летува таму со нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип.