ОВЕН
Партнерот ве провоцира и искушува, па во афект во излетува нешто што сте сакале да го премолчите. Сè може да кулминира со одлука од која се плашите. Се наоѓате во незавидна положба, не сакате да продолжите натаму но не сакате ниту да раскинете.
БИК
Вклучете ги соработниците и креирајте колективен работен план. Успехот е можен само на таков начин. Вашата заедничка работа ќе биде завршена со големо задоволство, така што успехот е сигурен. Грижете се за финансиите, ве очекува непланиран трошок.
БЛИЗНАЦИ
Имате можност да започнете нешто ново што повеќекратно ќе ви се исплати. Бидете брзи бидејќи целата зделка може да се излизга, особено ако вклучите некој друг. Не мешајте интерес и пријателство за да не завршите разочарани.
РАК
Имате чувство дека никој не ве разбира. Тешко е да се зборува за такви работи кога неmате високо мислење за себеси. Ја криете својата длабока несигурност зад маската на незаинтересирано однесување, што секако ги одбива дури и оние луѓе кои ве разбираат и сакаат.
ЛАВ
Незадоволството на љубовниот план се заканува да стане причина за сериозен конфликт меѓу вас и вашата сакана личност. Вистинската причина за сè лежи во тоа што веќе извесно време врската ја сведовте на допишување и телефонски разговори, коишто главно се куси.
ДЕВИЦА
На почетокот нешто не ви беше по волја, а потоа, кога работите тргнаа како што посакувате, изгубивте интерес. Соочени сте со луѓе кои не го разбираат вашето променливо расположение, не знаат како да ве задоволат. Бидете фер и внимателни кон потребите на другите луѓе.
ВАГА
Без оглед на тоа што сте планирале, бидете подготвени да ги одложите повеќето активности. Сте ги прецениле своите можности, па сакале или не, ќе бидете принудени дел од одговорноста да им препуштите на блиските соработници. Користете го ова за кратка пауза.
ШКОРПИЈА
Не сте сигурни во која насока да продолжите, па оваа дилема може да ви предизвика големи главоболки. Немате многу време за двоумење, мора брзо да дејствувате. Не паничете, туку размислувајте креативно и слушајте ја вашата интуиција.
СТРЕЛЕЦ
Ве мачи атмосферата во вашиот дом, па ви се чини дека сите други проблеми се неважни. Имате чувство дека никој не ве разбира, бидејќи нема благодарност од домашните за целиот труд што го вложувате за да им угодите. Премногу сте чувствителни.
ЈАРЕЦ
Пред вас е напнат период, навестувања за тоа доаѓаат во текот на денот. Веста што ќе ја добиете нема да биде пријатна, но ако се повлечете и реално ја погледнете целата слика, ќе видите дека ова е ретка можност која мора да ја искористите.
ВОДОЛИЈА
Успешни сте и претприемчиви, а некои проблеми се чини дека самите отсебе се решаваат. Нешто се случува поинаку од она на што сте навикнати во изминатиот период. Бидете отворени за сѐ, бидејќи ве очекуваат нови проекти и сосема нови познанства.
РИБИ
Добивате вести за дополнителни приходи на кои не сте сметале. Тоа е доволна причина да се вооружите со нова мотивација и уште поентузијастички да се фатите за работата. Не преоптоварувајте се со рационални можности за на крајот сѐ да не ви преседне.