Една европска банка изразила подготвеност да ги обработува плаќањата за транзитот на руската нафта преку Украина со што се отстрануваат пречките за продолжување на испораките на нафтата во централна Европа, соопштиле во петокот за Reuters словачката рафинерија „Slovnaft“ и уште еден извор упатен во темата.
Доколку го потврдат сите страни, плаќањето би претставувало чекор кон повторното воспоставување на дотокот на нафта во Словачка, Чешка и Унгарија и би создало услови за идните плаќања на транзитот преку Украина.
Од руската компанија добавувач на нафта „Транснеф“ претходно во вторникот потврдија дека од 4-ти август не можат да испорачаат нафта преку кракот во Украина, иако уште на 22-ри јули на украинскиот оператор на нафтоводот „Укртранснафта“ му платиле за транзитот во август, но дека парите се вратени на 28-ми јули, бидејќи уплатата не била примена. Наводно, според Киев тоа го оневозможиле западните санкции но уплатата е извршена пред стапувањето на овие санкции односно дел од нафтеното ембарго.
Протокот на нафтата кон Унгарија и Словачка повторни започнаа во средата откако унгарската компанија MOL и нејзината словачка филијала „Slovnaft“ изнашле заобиколувачко решение така што самите му го платиле надоместот за транзитот на „Укртранснафта“, но испораките кон Чешка не е продолжена.
„Според нашите информации банката повторно ги разгледала првичното блокирање на плаќањето на транзитната надомест и на крајот го прифатила. Тоа потврдува дека вака поставената рамка е функционална и може да биде долгорочно решение“, изјавил портпаролот на „Slovnaft“, Антон Молнар.
Друг извор запознаен со темата рекол дека плаќањето го деблокирала холандската банка ING и дека протокот во Чешка би требало да продолжи до сабота. Од банката ING одбиле да коментираат на барање на Reuters.
Руската компанија „Транснефт“ во петокот соопшти дека уплатата за транзитот на нафтата во Чешка стасала во банката и дека се очекува потврда од Украина, извести агенцијата РИА.
„Очекуваме потврда од ‘Укртранснафта’ за пренесување на средствата за да го отвориме нафтениот ток кон Чешката Република. Кога станува збор за сите извршени уплати, тоа ќе го имаме предвид во натамошните меѓусебни договори“, изјавил помошникот на претседателот на „Транснефт“, Игод Домин.
Од „Укратранснафта“ не одговориле веднаш на барањето за коментар од Reuters.
Централноевропските земји во добра мера зависат од руската нафта, а во голема мера од рускиот гас, па во преговорите со Европската комисија си издејствуваа изземање од претстојната забрана на Европската унија за увозот на руската нафта додека не обезбедат други правци на набавка.
Во четвртокот претседателот на чешката MERO, Јарослав Пантуцек, изјави дека очекува дека протокот на нафтата за Чешка ќе продолжи во петокот или сабота, откако ќе биде решен проблемот со плаќањето на транзитните давачки, иако сугерираше дека концернот PKN би можел да изврши заменско плаќање како и унгарски MOL, што не го потврдија од PKN.