
Четири нови случаи на напади со шприцеви се пријавени во неделата во баскискиот град Сан Себастијан на првиот ден од празничната седмица, пренесува агенцијата Europa Press.
Според изворите на агенциите, убодите со шприцеви се случиле во текот на првата вечер од фестивалот, кој започнал во саботата попладнето. Една од жртвите веќе поднела пријава, додале истите извори.
Претходно шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка изјави дека полицијата во земјата разгледуваат пријави за повеќе од 60 случаи на убодување со шприцеви на јавни места последните неколку седмици.
Минатиот понеделник беа пријавени 11 нови случаи на вакви убоди во шпанската провинција Малага на места каде што се одвива ноќниот живот, од кои девет случаи се нападнати се жени и двајца се мажи.
Во Шпанија сериозен проблем последниве месеци станаа убодите со шприцеви на масовно посетувани места. Во Шпанија од јули сериозен проблем станаа нападите со шприцови на локации на масовни собирања на луѓе. Првите такви случаи беа пријавени во текот на религиозниот фестивал Сан Фермин во Памплона, познат по уличните бркотници со бикови, каде годинава по двегодишната пазува поради пандемијата од коронавирусот допатуваа илјадници луѓе од целиот свет. Каталонската полиција, исто така, истражува серија пријави за напади со инјекции во ноќни клубови во покраината. И повеќе посетители на музичкиот фестивал во градот Сантандер и на дискотеки на Балеарските острови пријавиле дека со шприцови им била инјектирана непозната супстанца. Три девојки биле хоспитализирани во Валенсија, по такви напади.