
Комисијата за историско-oбразовни прашања, согласно потпишаниот Протокол со Бугарија, денеска заедно со Министерството за надворешни работи ги објави препораките со кои заеднички ќе се слават Цар Самуил, светите браќа Кирил и Методи, Св.Климент и Св.Наум, што подоцна ќе бидат испратени на усвојување од страна на Владата.
Препораките кои само што ги објави Министерството за надворешни работи може да ги погледнете тука.
– Главни критериуми беа презентацијата на универзланите вредности на тие личности и придионесот во развивањето на христијанската култура и традиција и придонесот за сесловенската писменост. Се трудевме текстовите да имаат малку поширојк и порегионален акспект. Тие личности овозможуваат да бидат заеднички чествувани од Макеоднија и Бугарија, туку и пошироко и ќе придонесат за пододбрување на односите на двата народи, рече академикот Драги Ѓоргиев, ко-претседавачот на комисијата.
Дополни дека се работи за идентични текстови со кои се препорачува до двете влади да се чествуваат заедно овие историски личности на настани и јубилеи.
Објавени се препораки за пет измени за предметот историја за 5 клас во Бугарија, како и исто толку бугарски препораки за 6 одделение за Македонија за античкиот период.
– Тоа се препораки за учебниците по историја каде треба да има подобрување во бугарските учебници. Ова се препораки кои одат на усвојување во Владата и понатаму да продолжи процесот при пишувањето на идните учебници по историја.
Најчесто имаат структурални недоследности, фактографски грешки и на тоа како се претставнени одреддни географски реони. Препораките не допираат до идентитетските прашања, повеќе се посветени на тоа да се избегне митологизацијата на тој антички период и да се избегне денешната национална перспектива на современите нации и држави во Антиката, наведе историчарот.