„Инфлуенсери“ е насловот на првата самостојна изложба на Снежана Шумковска која вчера беше отворена во Младинскиот култирен центар (МКЦ) во Скопје.
На изложбата Шумковска ќе се претстави со 18 слики на платно работени во комбинирана техника.
Изложбата во МКЦ ќе биде отворена до 24 август.
Снежана Шумковска е родена 1980 во Скопје, каде што завршува средно уметничко училиште и дипломира на Факултетот за ликовни уметности, педагошки отсек, насока сликарство.
– Ова доживување е доловено во различни содржини што ги нуди гигантската електронска џунгла преку интензивен колорит и доминација на цртеж. Човекот зазема централно место во составот во кој симболите се појавуваат насекаде со цел да предизвикаат универзални чувства и аспирации. Делата се со доза на реализам, но и со доза на геометриска и лирска апстракција, карактеристична употреба на текстури, на композиции, чувство на рамнотежа и хармонија, но и спонтаност како клучен фактор – велат организаторите.