„Нов пораз на урбанистичката мафија во Општина Карпош. Без присуство на советниците на СДС и ГРОМ, изгласана точката за спречување на висококатницата во Карпош“, пишува Мартин Димоски, постиорајќи пост на Левица.
Кон крајот на минатата година Димоски информираше дека градоначалникот Стевчо Јакимовски планира бетонизација на општината.
Тогаш, Димоски на социјалните мрежи информираше за јавната презентација на 39 детални урбанистички планови кои се изработени и отпочнати во мандатот на претходниот градоначалник Стефан Богоев.
Овие ДУП-ови го отвораат патот кон узурпација и дехуманизација на просторот наместо обезбедување на зелени површини кои се повеќе од потребни за граѓаните, кои пак се сѐ погласни во спречување на една нова бетонизација на овој дел од градот.
„Од презентираните 39 детални урбанистички планови за Општина Карпош, она што може да се заклучи (меѓудругото) е следно:
- На местото на фабриката Алумина , Пуцко Петрол може да гради висококатница од 105 метри
- Ќе се уништат фудбалските игралишта на Алумина и Локомотива, а на нивно место ќе никне станбен објект и улица со што Општина Карпош ќе има само еден терен за голем фудбал (во Бардовци)
- Од Зоолошка па се до Карпош 4, покрај бул. Илинденска ќе има станбено-деловни објекти
- На повеќе локации е планирано станбени згради со приземје и 12 спрата
- Ќе имаме неколку нови станбени комплекси од типот на Настел
- Нови згради се планирани и на Букурешка, Прашка и Варшавска
- Нови станбени згради ќе има и во Влае, Козле, Карпош 4
- Планирани се над 40-тина згради, а согласно предвидената изградена површина се очекува во нив да живеат над 15.000 жители што е четвртина од сегашната бројка на жители. Тука не се вклучени претходно планираните згради во ДУП-овите усвоени изминатите четири години. Со нив, бројката на нови жители ќе се зголеми за околу 30.000 жители
- Се предвидуваат изградба на повеќе верски објекти од училишта, градинки и игралишта
- Парковите спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“ и Алумина ќе бидат претопени во сообраќајници
- Единствените големи површини со зеленило ќе останат во дел од Градски Парк и над Горно Нерези.
Речиси сите овие урбанистички планови се отпочнати во мандатот на Стефан Богоев, а најголем дел од истите се нарачани од градежни компании кои со години го силуваат Скопје“, објави Димоски.
Гоиднава во јуни на оваа реагираа советниците на ВМРО-ДПМНЕ од скопски Карпош, по повеќето јавни протести на граѓаните од населбите Влае и Тафталиџе против новиот градежен зафат со кој би се загубило и она малку преостаната зелена површина. Медиумите, исто така, претходно седмицава пишуваа дека само неколку години по бетонизацијата на Тафталиџе, за која Обвинителството води предистражна постапка, градоначалникот Јакимовски, со истите партнери односно компанијата „Аполо инженеринг“, која профитираше од зафатите во Тафталиџе, сега подготвува терен да гради висококатници на местото на поранешното кино „Влае“.