Премиерлигашите Манчестер јунајтед и Евертон се сериозно заинтересирани и сакаат да го ангажираат македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас, тврди еден од водечките италијански спортски новинари Џанлука Ди Марцио.
Според информациите од Островот, Манчестер јунајтед и Евертон посакуваат трансфер на Елмас пред крајот на летниот преоден рок. Сепак, продажбата на еден од најдобрите македонски фудбалери е можна само доколку пристигне примамлива понуда за Наполи.
#Calciomercato | #Napoli, su #Elmas e #Lozano c’è l’interesse di #Everton e #ManchesterUnited https://t.co/OGIdcdYbUy
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) August 18, 2022