Сопругот на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, е осуден во вторникот на пет дена затвор и му е наложено да плати 6.800 долари казна и отштета откако ја признал вината за нанесување повреди при возење во алкохолизирана состојба во мај во сојузната држава Калифорнија.
Сепак, 82-годишниот Пол Пелоси, ќе го избегне затворот откако судијата одлучил дека четирите денови минати во притвор по апсењето да ги пресмета во казната. Наместо едниот преостанат ден затвор, судијата му одредил општествено полезна работа, изјави за медиумите неговата адвокатка Аманда Бивинс.
Адвокатката се изјаснила за во името на својот клиент пред Врховниот суд на округот Напа во Калифорнија. Обвинетиот решил да не се појави на рочиштето, бидејќи неговото присуство не било задолжително.
Пол Пелоси бил уапсен под сомнение дека возел под влијание на алкохол, откако во мај годинава учествувал во судар на два автомобила во Калифорнија. Притоа никој не бил потешко повреден.
Иако е поштеден од дополнителната затворска казна, Пол Пелоси добил три години условна казна и забрането му е да управува со моторно возило една година, освен доколку возилото не е опремено со уред за стартување кој ги спречува возачот да го придвижи автомобилот без претходен алкотест.
Покрај тоа, на Пол Пелоси му е наредено да му плати 4.927 долари отштета на возачот на другиот автомобил за медицински сметки и загубена плата, плус стандардниот надомест од 150 долари и судската казана до 1.723 долари.