Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба вчера околу 16 часот ја лишиле од слобода С.П.(27) од с.Мралино, општина Илинден.
Како што информира МВР, таа се сомничи дека околу 15 часот од домот на И.П. на ул.„Перо Наков“ одзела пари. Кај неа биле пронајдени парите.
-Таа била приведена во полициска станица и по извршените проверки било утврдено дека претходно околу 12.00 часот нејзиниот татко С.П.(53) во полициска станица пријавил дека ќерка му се оддалечила од домот, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.