Обама дава пет милијарди долари за борба против сидата

Американскиот претседател рекол дека придонесот на неговата земја сепак ќе зависи од напорите на трети земји.

„Успехот е очигледен. Фондот им поногна на повеќе од шест милиони луѓе во 140 земји“, рекол Обама.

Тој нагласил дека ќе бидат издвоени и 100 милиони долари за американската програма за истражување во рамки на борбата против ХИВ вирусот.

Овој фонд е основан во 2002. година за да се зголемат средствата за борба против трите пандемии. До крајот на декември се исплатени 22,6 милијарди долари и ја одредија целта да се соберат 15 милијарди долари во следните три години.

На овој начин ќе се спасат 5,8 милиони животи, а ќе се зголеми и превенцијата ширум светот.