Четири лица починаа, 240 нови случаина ковид-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часарегистрирани се 240 нови случаи на КОВИД-19.

Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице, од Скопје (80г). Лицето е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин  регистрирани се 3 починати лица, од Прилеп  (73г), Демир Хисар (60г) и Демир Капија (67г). Сите лица се починати во домашни услови. Починати се во период од 16.08. до 24.08.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.150.194 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 340.119, бројот на оздравени пациенти е 328.924, на починати е 9.481, а бројот на активни случаи изнесува 1.714