Некој ги снимил Бен Афлек и Џенифер Лопез на нивната приватна забава, а всушност свадба во Џорџија. Ова доаѓа само месец дена откако на 17 јули тие тајно се земаа во Лас Вегас, пренесува Б92. На клипот се гледа како Џенифер Лопез во бел фустан „Ралф Лорен“ му пее на Афлек „Не можам да се наситам“, односно „Can’t get enough“.
Лопез беше лута на Инстаграм. Според неа некој го украл и продал видето иако парот имал потпишано договор за необјавување на снимките.
„Ова е снимено без дозвола. Точка. И кој и да го направил тоа го искористил нашиот приватен момент”, коментираше Лопез на профил на обожавателите.
„Не знам од каде го добивте видеото затоа што имавме NDA и ги замоливме да не споделуваат ништо од нашата свадба. Наш избор е дали ќе го споделиме. Сѐ што јас приватно ќе објавам на OnTheJLO е за споделување со моите фанови. Но, ова видео беше украдено без наша согласност и продадено за пари. Ви благодарам за грижата, ве сакам“, изјави Лопез.