Михаил Горбачов, последниот претседател на СССР, починал на 92 години, пренесува РИА.
Горбачов ја насочувал надворешната политика кон намалување на тензиите меѓу велесилите и ставање крај на Студената војна за што добил Нобелова награда за мир. Во декември 1987-ма година со американскиот претседател Роналд Реган потпишал договор за уништување на резервите на нуклеарни проектили со среден дострел, а во текот на 1988-89 го надгледувал повлекувањето на советската војска од Авганистан.
Неговата политика охрабрувала реформски промени во државите од Источниот блок, а кога во 1989-90 биле воспоставени некомунистички влади во Полска, ДР Германија, Унгарија и Чехословачка, се согласил да ги повлече советските војски од тие држави.