КАРИЛ е поплавен и е надвор од функција, болните ќе се праќаат во други клиники во Скопје, Тетово, Битола и Штип

Универзитетска Клиника за Анестезија, Реанимација и Интензивно лекување, КАРИЛ, не може да ги згрижи пациентите поради настанат дефект од поплавите од силното вчерашно невреме. Поради тоа на пациентите не може да им се пружат здравствените услуги и тие ќе се препраќаат во други болници, во сопските клиники „8 Септември“ и „Наум Охридски“, и во болниците во Штип, Битола и Тетово, зависно од тоа од кој град се болните.

За оваа ситуација денеска министерот за здравство Беким Сали, испрати известување до директорите на клинички, општи, специјални болници и здравствени домови, во кое ги замолува медицинските екипи за координација поради настанатата состојба во КАРИЛ, а посебно за потешките случаи, додека не се санира дефектот.