Во „Тивката војна“ во домот на Бекамови – Викторија е виновна за сè

Според последните информации до кои дошле странските медиуми, Никола Пелц во еден момент од нејзината скапа венчавка со Бруклин Бекам, во солзи побегнала од својот новопечен сопруг и од сите гости, само поради Викторија Бекам, која била во центарот на вниманието и тој ден.

На невестата тоа воопшто не ѝ се допаднало и за сè им се пожалила на нејзините мајка и сестра, но тие во тој момент не можеле ништо да направат за да ѝ помогнат.

За потсетување, говорот на венчавката го одржал Марк Ентони, еден од многуте познати пријатели на постарите Бекамови, кој со задоволство ја прифатил поканата за оваа церемонија.

Меѓутоа, наместо да испрати убави зборови до нововенчаниот пар, тој наводно се фокусирал на Викторија и Дејвид, што на Пош Спајс воопшто не ѝ пречело и тоа било очигледно.

Според извори блиски на парот, Никола не сака кога сите очи не се вперени во неа. Тоа што сега морала да ја „подели својата публика со Викторија, со која сега тивко војува“, не ѝ одговарало.

Мајка ѝ и сестра ѝ заминале со неа до тоалетот, каде успеала малку да се „прибере“ после инцидентот и да ја поправи шминката.

Инаку, Ентони споменатиот говор го одржал непосредно пред да запее за младенците, за нивниот прв свадбен танц. Од после венчавката, според странските медиуми, Никола „не може да ја смисли“ Викторија.