Резултатите од изборот за новиот челник на британската владејачка Конзервативна партија и следствено британски премиер ќе биде објавено во понеделник во 13,30 часот по средноевропски време, како што објави во петокот партијата, а во Европската унија стравува од можноста актуелната шефица на дипломатијата Лиз Трас дека ќе ја креира политиката на Обединетото Кралство.
Анкетите покажуваат дека актуелната министерка за надворешни работи Лиз Трас многу веројатно ќе го победи поранешниот министер за финансии Риши Сунак и ќе стана нова британска премиерка. Партиските избори ги поттикна самиот Сунак поднесувајќи оставка поради низата владини скандали, со што ги поттикна и другите министри да се повлечат од кабинетот на премиерот Борис Џонсон кој го отфрлаше повиците самиот да отстапи од должноста.
Некои аналитичари сметаа дека 47-годишната Трас е подобра политичарка од 42-годишниот Сунак, но критичарите ѝ префрлаат дека е амбициозна опортунистка. Сунак, пак, е критикуван поради фискалната непопустливост кога станува збор за борбата против економската криза, а ги ограничува и имиџот на богат технократ. Дел од конзервативците го обвинуваат и за „предавство“ на Џонсон.
Нема време за губење на Брегзитот
Европската унија со мешавина на иритираност и непријатност гледа на можноста Лиз Трас да биде идна британска премиерка, а дипломатските кругови во Брисел истакнуваат дека покрај војната во Украина и незаузданата инфлација на континентот, последната работа којашто им е потребна е и уште една битка за Брегзитот.
Фаворитката за преземање на Конзервативната партија, Лиз Трас, има малку обожаватели во ЕУ. Како министерка за надворешни работи се залагаше за закон со кој еднострано би бил раскинат дел од договорот за истапувањето на Обединетото Кралство од Европската унија. Вети и дека како премиерка ќе го донесе тој закон, со што Лондон би влегол во отворена конфронтација со Брисел.
Нејзината реторика во кампањата не помогна во намалувањето на разликите со ЕУ. Запрашана минатиот месец дали францускиот претседател Емануел Макрон „е пријател или непријател“ на Велика Британија, одговори неодредено односно дека 2поротата е уште поголема“.
„Во сегашниот контекст, збунувачко е тоа што таа мисли дека може да си ги дозволи таквите забелешки. Насочени сме 200 проценти на војната во Украина, раширената инфлација. Немаме време за губење време на ова“, изјавил за Reuters неименуван дипломат од Брисел.
Функционери од кампањата на Трас велат дека таа се шегувала, како и дека таа изјава нема да има влијание врз француско-британските однос. Сепак, извори од француската влада порачаа дека коментарите на Трас укажуваат на недостиг од доверба меѓу Париз и Лондон, поттикнато од обвинувањата дека Макрон не сторил доволно да го запре протокот на мигранти коишто со бродови го преминуваат Ла Манш до англискиот брег.
Во Германија членовите на владејачката коалиција не беа импресионирани од Лиз Трас и се жалат на она што според нив претставува напад врз ЕУ за да се одврати вниманието на јавноста од британските внатрешни проблеми.
„Мора да му се даде шанса и на новиот премиер. Но секој кој веруваше дека работите не можат да бидат полоши по Џонсон, не беа во право. Многу изјави на госпоѓата Трас се несреќни или погрешни“, изјави Нилс Шмид, портпарол за надворешна политика на владејачката Социјалдемократска партија на Германија (SPD).
Дел од договорот за Брегзитот е протоколот за Северна Ирска, во чиишто рамки покраината на Обединетото Кралство остана дел од европскиот пазар, а ефективно се воведени царини меѓу Северна Ирска и остатокот на Велика Британија.
Лондон поради тоа порачува дека тоа е неодржливо, а моментално во парламентарна процедура е законот со кој би се отповикал тој дел од договорот. ЕУ веќе покрена правна постапка поради кршење, како што вели, на обврзувачкиот договор. Меѓутоа, се чини дека Трас е решителна со тој закон, а според некои медиумски написи би можела да го активира членот 16 за итни ситуации, со кој би можела да преземе еднострани мерки по прашањето на границата меѓу Северна Ирска како дел од Велика Британија, и Република Ирска како дел од ЕУ, откако ќе ја преземе премиерската должност.
Трас фаворитка за нова британска премиерка
Лиз Трас е фаворитка за наследник на Борис Џонсон, откако во тркаа за Даунинг стрит со своето политичко искуство во анкетите ги мина својот ривал Риши Сунак. Сите истражување објавени до петокот, кога заврши гласањето на членовите на Конзервативната партија одат во прилог на Трас.
Токму Сунак со својата оставка ја повлече лавината повлекувања од владата на Џонсон, соборувајќи го самиот премиер и лидер на конзервативците. Но иако го сметаат за подобар говорник, цел е на критиките поради фискалната непопустливост кога станува збор за економската криза, а ги ограничува и имиџот на богат технократ.
Синак, кој доколку биде избран би бил првиот британски премиер кој не е белец, е обвинуван од дел од конзервативците за предавство бидејќи го собори од власт ториевскиот херој на Брегзитот, Борис Џонсон. Трас, од друга страна, упорно испраќа директна и конзистентна порака, ветувајќи големи намалувања на даноците и избегнува да го критикува Џонсон.
„Таа е подобра политичарка. Ако ме прашувате во што е основата на кампањата на Лиз Трас, веднаш ќе ви кажам: ‘намалување на даноците а не милостина’. Сосема јасно. Во тоа нема ништо што би одело во прилог на Сунак“, вели за AFP Џон Куртис, политиколог од Универзитетот Стратклајд во Глазгов.
Според Куртис, Трас на ториевците успешно им ја пренесува „традиционалната конзервативна порака“, а смета дека Сунак остава впечаток дека послабо се справува со притисокот. „Може да се види дека таа е подолго во оваа игра“, додава.
Политичко патешествие
Лиз Трас го опишува својот подем кон врвот на британската политика како „патешествие“, а критичарите ја опишуваат како амбициозна опортунистка.
Потекнува од левичарско семејство и прво им се приклучила на центристичките либерални демократи за потоа да прејде кај десните конзервативци. Во 2010 година стана пратеничка на округот Југозападен Норфолк на истокот на Англија, преживувајќи го претходно обелоденувањето на вонбрачна афера која за малку ќе ја чинеше номинирање. Од 2021-та беше на неколку министерство позиции и други должности во образованието, финансиите и правосудството.
Лиз Трас во 2016 година водеше кампања за останување на Велика Британија во Европската унија, но набрзо го „сврте капутот“ и стана една од најголемите поборници на Брегзитот по референдумот.
Кога Британија излезе од ЕУ, Џонсон ја задолжи за преговорите за новите договори за слободната трговија, а минатата 2021 година ја именуваше за министерка за надворешни работи. Во таа улога се прифати на контроверзната задача на решавањето на проблемите со Брисел во тргувањето со Северна Ирска по Брегзитот. Како и Џонсон, остро зборува за Русија, особено по бламажата на заедничката прес-конференција со рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров, кога покажа елементарни непознавање на географијата и руски региони ги нарече делови од Украина, а и недвосмислено ја поддржува војната на Киев против Москва.
Поради нејзиниот стил на облекување и настапите пред фотографите, како позирањето во тенк во Естонија и фотографирањето во Москва со крзнена шапка, ја споредуваат со иконата на ториевците Маргарет Тачер. Нејзиниот понекогаш „штиркан“ стил стана значително поопуштен, а приврзаниците настојуваат да го ублажат нејзиниот имиџ откривајќи дека сака караоке забави и дружења.
Надвор од естаблишментот?
„За партијата којашто последните години скршна во подоста популистичка насока, таа (Лиз Трас) успева да се претстави како поавтентична и посекојдневна од Риши Сунак, кого го доживуваат како дел од глобалната елита. Како и Борис Џонсон, таа е наклонета на идејата дека постои некоја елита на којашто треба да ѝ се пружи отпор и се претставува како личност која е надвор од естаблишментот, и покрај тоа што во владата е осум години“, вели Тим Бејл од лондонскиот Универзитет Кралицата Мери.
Сунак, внук на индиски доселеници, растел како син на лекар и аптекарка во Саутемптон, на јужниот брег на Англија. Се образувал на престижниот Винчестер Колеџ и потоа на Универзитетот Оксфорд.
Трас, пак, се образувала во државно училиште во Лидс на северот на Англија, а исто така студирала во Оксфорд. Двајцата студирале политика, филозофија и економија.
Сунак ја запознал сопругата Акшата Мурти, чиј татко е основач на индискиот технолошки гигант „Infosys“, на американскиот Универзитет Стенфорд, за потоа да се вработи во американскиот финансиски гигант „ Goldman Sachs“ и во инвестициски фондови.
Сунак беше пратеник од округот Ричмонд на северот на Англија од 2015 година, истакнувајќи се набрзо како моќен иден премиер. Стана министер за финансии на почетокот од 2020 година, заслужувајќи ги пофалбите поради водењето на програмата за владините поддршки за граѓаните и компаниите погодени од пандемијата на коронавирусот.
Меѓутоа, Сунак, според сопствено признание, помалку е ексцентрик кој ги обожува „Војните на ѕвездите“, а минатата 2021 година се соочи со пад на популарноста откако откриено дека неговата сопруга не го платила данокот во земјата. Критичарите, исто така, тврдат дека нема разбирање за обичните луѓе, бидејќи е многу богат.