Фунтата закрепна откако падна во текот на ноќта во однос на американскиот долар во немирното тргување по веста за смртта на кралицата Елизабета Втора, британски монарх со најдолго владеење и фигура на нацијата во последните седум децении.
Имено, фунтата порасна за 0,6 отсто на 1,1578 долари. Таа претходно падна на само 1,1488 долари по веста за смртта на британскиот монарх.
Еврото се зголеми за 0,16 отсто во однос на фунтата на 86,04 пени, откако Европската централна банка во четвртокот ги зголеми стапките за 75 базични поени.
– Немаше значително влијание врз фунтата, изјави Амо Сахота, директор за девизи во консултантската фирма Klarity FX во Сан Франциско.
– Кралицата очигледно беше икона во британската култура, но политички многу безначајна. Ќе има прашања за премиерот. Тоа е влада која и онака е во транзиција. Но, тоа нема да има никакво влијание врз економијата, смета Сахота.
Кралицата Елизабета почина вчера на 96-годишна возраст.