Чешка за ограничување на цената на струјата за индустријата, подготвена да ги крши прописите на ЕУ

Чешката влада разгледува можноста за лимитирање на цената на електричната енергијата за индустријата за да ѝ помогне да ја надмине енергетската криза, изјави министерот за финансии Збинек Стањура, порачувајќи дека Прага е подготвена да ги прекрши и прописите на Европската унија за државната помош.

Владата подготвува нови мерки коишто ќе одат во чекор со плановите на ЕУ кои би требало да го ублажат силниот раст на цените на енергијата по состанокот на министрите за енергетика на членките не ЕУ на крајот од минатата седмица.

„Јас сум за смело решение. Го поддржувам тој лимит дури и со можен ризик од оцената дека поддршката во некои елементи ги прекршила прописите на ЕУ за државната поддршка“, изјави Стањура во неделата вечерта за чешката јавна телевизија, алудирајќи на прописите за пазарната конкурентност и државната помош.

Чешкиот министер за финансии изјави дека мерката би можело да биде подготвена до крајот на годината и на сила би била две години. Според Стањура, за компаниите би бил добар лимитот од околу 200 евра за мегават/час, значително пониски од пазарните цени во последниот месец.

Ограничената цена на струјата за компаниите ќе биде составен дел од пакетот за помош на домаќинствата и државните институции. Владата веројатно ќе одреди максимална цена на електричната енергија за домаќинствата, но и не исплата на надомест за произведувачите кои можат да ги покријат трошоците и да остваруваат разумна добивка, додаде Стањура.

Во државниот сектор, пак, како што објасни министерот, владата сака да го обезбеди снабдувањето со струка по разумни цени за училиштата, болниците и другите јавно установи. За да се постигне тоа, продолжи Стањура, законите кои на произведувачите на електричната енергија би пропишувале продажба на одредено количество струја на државата, помалку од 20 отсто од вкупното производство.

Во разговорот за дневниот весник Hospodarske Noviny, Стањура мината седмица изјави дека планот би можел да чини до 5,3 милијарди долари и дека би се спроведувал паралелно со мерките на ЕУ.

Министрите за енергетика на членките на ЕУ ја задолжија минатиот петок Европската комисија во рок од неколку дена да предложи како да се ограничат приходите на произведувачите на струјата кои во производството не го користат гасот и да се обезбеди ликвидноста на електростопанските компании во периодот на силниот раст на трошоците.

Со тоа е дадено зелено светло за предлогот на ЕК да ја одреди максималната цена на струјата којашто се произведува во фотонапонските системи, ветроцентралите, нуклеарните и термоцентралите на јаглен. Компаниите разликата меѓу пазарната цена и лимитот би го враќале на државата, а таа би ја насочил за помош на претпријатијата и граѓаните со високи сметки, толку Financial Times кој имал увид во нацрт-предлогот на Брисел.