Христовски до Арсовска: Говорете ја вистината колку и да е сурова, не е убаво на јавна сцена да се кажуваат невистини

Ова не е личен проблем со мене и со градоначалничката, личен конфликт немам, се работи за институционален проблем. Јас како довчерашен директор на Градски паркинг имав и несоодветна комуникација. Пред неколку месеци кога се правеше ребаланс на Буџет на Град Скопје, ние баравме околу 26 милиони денари како помош, субвенции за враќање на тој долг за комунална такса, но и воедно за енергетската криза која што следува и скапите сметки за струја кои што ги очекуваме, а тоа се големи сметки, бидејќи ние ги намаливме цените на паркинг и мора да внимаваме. И тогаш градоначалничката во присуство на едно 6-7 луѓе вети дека ќе помага, дека е тука за се, за средства и буквално за се што треба. И затоа баравме 26 милиони денари. И наместо да добиеме помош стигна решение со кое што тие ни бараа 26 милиони денари, истакна Бојан Христовски во гостување во утринска емисија на Радио Лидер.

Христовски и порача на Арсовска да ја говори вистината колку и да е сурова.

– Да ја говори вистината колку и да е сурова, не е убаво на јавна сцена да се кажуваат невистини како што беше ова, порача Христовски.

– За мене градоначалник и Град Скопје, па и градоначалници на општини не е сликање, кавги и косење трева. За мене градоначалник посебно на Скопје е мост, надвозник, подвозник, огромни канализации, цевки, булевари и сл. Додека не се направи нешто такво капитално јас лично не би бил задоволен, рече Христовски.