Германија ги презема рафинериите на руски „Роснефт“

Причината за преземањето на управувањето со компаниите „Rosneft Deutschland“ и „RN Refining & Marketing“, германски фирми ќерки на рускиот нафтен гигант „Роснефт“ е поради состојбата на пазарот усложнета со нивната тесна поврзаност со Русија, ја појасни во петокот владината одлука германската мрежна агенција.

Претходно денеска, германското Министерство за финансии објави дека Германија управувањето со „Rosneft Deutschland“ и „RN Refining & Marketing“ го предава на Федералната мрежна агенција на Германија.

Станува збор за потег за преземање на рафинеријата во Швед, клучниот извор за снабдување на Германија. Во Берлин тврдат дека „Rosneft Deutschland“ наводно ја тестирал решителноста на Германија да до крајот на годинава да го запре увозот на нафта од Русија во рамките на санкциите на Европската унија против Москва поради војната во Украина.

Берлин во петокот решил да ја прекине таа рута за снабдување, доверувајќи го управувањето со рафинериите на „Роснефт“ во Швед, Карслруе и Вохбург на домашниот регулатор за енергија.

„Покрај сопственоста, се отстранува и заканата за енергетската безбедност и се поставува камен темелник за зачувување и иднината на локацијата Швед“, соопшти германското Министерство за финансии.

Компанијата „Rosneft Deutschland“ сочинува околу 12 отсто од германските капацитети за преработка на нафтата и спаѓа меѓу најголемите преработувачи на нафтата во Германија, додава министерството.

Рафинеријата во Швед нема излез на мора, четвртата е според големината во Германија и подмирува 90 отсто од побарувачката на Берлин на горива. Откако е изградена во 1960-те години, нафтата исклучително ја набавуваше од Русија преку нафтоводот Дружба. Швед, исто така, со деривати снабдува и делови од западна Полска и аеродромот Берлин-Бранденбург.

Не е јасно кој ќе го замени руски „Роснефт“, кој е мнозински сопственик. Британската нафтена компанија „Shell“ е сопственик на 37,5 отсто од уделот во Швед, но веќе извесно време најавува повлекување. Во петокот објавија дека одлуката на германската влада не влијае на нив, додавајќи дека „и натаму ќе ги исполнуваат своите договорени обврски во согласност со своите акции“.

„Не сакаме да шпекулираме за мерките во контекстот на континуираното работење на рафинеријата во Швед (или на други локации) коишто владата би можела да ги спроведе“, рекле од „Shell“ во одговор преку електронска пошта за агенцијата Reuters.

Интерес за филијалите на „Роснефт“ во Германија искажале германските компании „Verbio“ и „Enertrag“, и двете од секторот обновливи извори на енергија.

Извори од германската влада изјавиле дека пред објавувањето на одлуката за преземање на управувањето со „Rosneft Deustchland“ можело да резултира со моментално прекинување на испораките на руската нафта.

„Одлуката е составен дел од обемниот пакет, кој би требало да обезбеди снабдување со нафта во рафинеријата преку алтернативни рути“, соопшти германското министерство.

Канцеларот Олаф Шолц, министерот за економија Роберт Хабек, и премиерот на сојузната покраина Брандебнург ќе ги објават поединостите од пакетот во текот на денот.