Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 656 тестови, а се регистрирани 89 нови случаи на КОВИД-19. Во: Скопје – 44, Прилеп – 7, Битола и Велес – по 6, Куманово, Кавадарци и Охрид – по 4, Ресен – 3, Штип, Кичево, Гевгелија и Крива Паланка – по 2, Струмица, Кочани и Струга – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (89), има 26 реинфекции.
Оздравеле 125 пациенти од: Скопје – 82, Битола – 8, Куманово и Велес – по 6, Кавадарци – 4, Неготино и Берово – по 3, Прилеп, Охрид, Струга и Крива Паланка – по 2, Тетово, Гостивар, Штип, Кратово и Крушево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, е пријавено едно починато лице од Струмица (71г), починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.161.598 тестирања на КОВИД-19, вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.075, на оздравени пациенти е 331.865, на починати е 9.521, а бројот на активни случаи изнесува 689.