Најавата на Путин за делумна мобилизација ја крена цената на златото

Цените на златото на пораснаа во средата поради засилените геополитички тензии кои ги поттикна рускиот претседател Владимир Путин со најавата на делумна мобилизација и во очекување на дополнителното силно зголемување на каматните стапки на американската централна банка Federal Reserve (Fed).

Унцата злато поскапе на физичкиот пазар за 0,5 отсто, на 1.673,74 долари. Во терминските договори на американскиот пазар цената порасна за 0,6 отсто, на 1.681,85 долари.

Геополитичките тензии повторни се во прв план, откако претходно во средата рускиот претседател Владимир Путин најавни делумна мобилизација на резервниот состав на војската. Иако станува збор за 1 отсто од целиот руски резервен составот, тоа прави 300.000 воени резервисти, поради што се стравува од ескалација на војната во Украина, откако тамошните одметнати проруски региони најавија одржување референдуми за присоединување на Руската Федерација.

Инвеститорите на меѓународните пазари на капиталот, го очекуваат и продолжувањето на американската централна банка за монетарната политика. Се очекува дека подоцна во средата Fed ќе објави значително зголемување на клучните каматни стапки, веројатно за три четвртини од процентниот поен, или на вкупно 3,25 отсто во серијата зголемувања.

Пазарите ќе се фокусираат на ажурираните податоци за економијата и за каматните стапки на американската централна банка. Јапонската, швајцарската и британската централна банка ќе одлучуваат за нивните монетарни политики во четврток.