Унгарија не може да ги поддржи енергетските санкции на ЕУ против Русија

Унгарија не може да го поддржи планираниот осми пакет санкции на Европската унија против Русија поради војната во Украина доколку тие содржат енергетски санкции, изјави во четвртокот шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан.

Европската комисија во средата предложи нови санкции против Русија, кои вклучуваат и построги трговски санкции, проширување на списокот санкционирани поединци и ограничување на цените на нафтата за трети земји, покрај веќе воведеното ембарго за увозот на руската нафта.

Предложените санкции не ги вклучуваат построгите мерки, меѓу кои е и забраната за увозот на руските дијаманти што е во прилог на западните членки на ЕУ, а којашто ја бараа Полска и балтичките земји членки.

Меѓутоа, државите членки на ЕУ мора да бидат едногласни при прогласувањето на санкциите а Унгарија е гласен критичар на таквите мерки, нејзиниот премиер Виктор Орбан во понеделникот оцени дека санкциите „се удриле од главата“ на Унијата со подигнувањето на цените на енергенсите и ударите коишто ги трпат европските економии.

„Унгарија стори веќе многу да го одржи европското единство, но доколку во пакетот се и енергетските санкции не можеме и нема тоа да го поддржиме. Го чекаме конечниот целосен список со санкциите и тогаш ќе можеме да разговараме за тоа. Унгарија не може да ги поддржи енергетските санкции“, изјави Гергели Гуљас на врифингот со новинарите.

Унгарија во моментов преговара со Европската комисија за да обезбеди милијарди евра од заедничките фондови на ЕУ, коишто се блокирани поради обвинувањето на Брисел за непочитувањето на правилата за владеењето на правото од страна на Будимпешта. Гуљас во врска со оваа тема очекува дека договорот ќе биде потпишан, бидејќи Унгарија и претходно порача дека работи на исполнувањето на барањата на Комисијата.