ВМРО-ДПМНЕ порача Ковачевски да не ја замајува јавноста, од СДСМ веќе ја признале аферата Броило

Ковачевски да не ја замајува јавноста, од СДС веќе ја признаа аферата Броило. Фирмата на која основач е Ковачевски, Пиксел груп, е во центарот на соларниот картел кој свртел 26 милиони евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Фирмата на кумот на Ковачевски само од државни тендери добила скоро 2 милиони евра откако е СДС на власт, а во време кога Ковачевски е заменик министер за финансии, истата склучува договор од над 2 милиони евра со ЕВН.

И сето ова се случува додека народот плаќа поскапи сметки за струја, фирмите имаат 5 пати поголеми давачки за електрична енергија, а стотина се затвораат секој месец.

Лицемерието на СДС е огромно. Додека народ пати, тие вртат милиони.

Ковачевски да не бега, да признае и да си поднесе оставка“ – велат од партијата.